Мојот глас за финалната фаза за уставните промени ќе зависи од дефинирењето на самите уставните амандмани, изјави поранешната претеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова.
– Дали ќе гласам зависи од севкупниот процес, како ќе се дефинираат уставните амандмани после јавната расправа која што следува по 1 декември, што е многу важно поради тоа што ја вклучува и експертската јавност, граѓанскиот сектор, којшто има свое мислење во однос на овие процеси, но секако дека и помирувањето е важен дел и мислам дека сите институции треба да бидат внимателни да не наштетат на тој дел од овој процес -рече Исмајловска – Старова.
Таа, сепак. рече дека во оваа фаза таа е поблиску да гласа – ЗА, отколку ПРОТИВ или ВОЗДРЖАНО.
Но таа нагласи дека за неа е важно и како ќе тече процесот на помирувањето.
– Помирувањето е важен дел од овој процеси мислам дека сите институции треба да бидат внимателни за да не му наштетат и на тој дел од овој процес – рече Исмајловска – Старова во интервју за емисијата 360 степени на телевизијата Алсат М.