Мијалков е преместен во „хашка соба“

3013

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков е преместен од обична во т.н „хашка соба“ во затворот во Шутка, дознава ТВ21. 

Мијалков е преместен во една од шесте „хашки соби“ кои ги има во истражниот затвор во Скопје. Нашите извори велат дека само еден ден поминал во обична ќелија. „Хашките соби“ важат за привелигирани соби и се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.

Покрај Мијалков и бизнисменот Орце Камчев исто така е сместен во „хашка соба“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...