Во извештајот на Европскиот парламент за Македонија, кој за шест дена ќе се најде пред европратениците е можно да влезе и бегството на екс премиерот Груевски и азилот кој Унгарија му го одобри, јавува Канал 5.
„Веруваме дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем. Ја повикуваме Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат Никола Груевски во Скопје. Очекуваме сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, овие судски процеси не треба да се политизираат“, се наведува во едниот од двата амандмани на социјалдемократите.