32 прекршоци на 1ТВ за 4 дена, а тенденциозна била оценката на АВМУ ?!

1693
Телевизијата 1ТВ најверојатно како тенденциозна ќе ја оквалификува оценката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по редовниот програмски надзор над работењето на оваа телевизија, прв по нејзиниот старт.

Во изештајот на АВМУ од 23 ноември, се вели:

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз 1 ТВ, за повеќе одредби од ЗААВМУ. Надзорот покажа прекршување на забраната за пласирање производи во засебни аудиовизуелни целини со информативна функција и јасно означување на програмата со пласирани производи во засебни аудиовизуелни целини со забавна функција, прекршување на правилата за заштита на малолетната публика, и на обврските при обезбедување квизови и други облици за наградно учество. Прекршување е констатирано и на правилата за прикриено рекламирање, условите за рекламирање и телешопинг, како и на правилата за рекламирање на поделен екран”.

Извештајот кој може да се прочита ТУКА констатира 32 прекршоци за само 4 дена.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...