„Бомби“ од ден по гласањето во Центар: Спомениците нѐ коштаа

4978
20120810 Friday 1157 plostad filip vtori skulpturi statui fontana postavuvane na figuri izgradba gradba gradene lavovi filip vtori olipmija aleksandar makedonski proekt skopje 2014 sk14

Откако судечкиот совет донесе одлука на избеганиот екс премиер Никола Груевски да му се суди во отсуство и за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности, во Кривичниот суд денеска продолжи судењето со слушање на нови телефонски разговори.

Најголем дел од разговорите кои денеска се слушаа се денот на вториот круг од гласањето на локалните избори во 2013 година, а најчесто во нив се слушаше гласот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во дел од нив, тој се јавува да проверува дали гласале некои лица, во други се слушаше како го брифираат за списоци кои му се испраќани од јавни претпријатија, училишта и болници.

Во судница се слушаа и разговори од 8 април, ден по изборите, во кои се разговара за изборните резултати, а меѓу соговорниците покрај поранешниот министер има и други од обвинетите. Така, во еден од разговорите Јанакиески зборува со екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која констатира дека во местата каде има мешано население Албанците секаде ги победиле.

Тие во разговор коментираат и зошто изгубиле. Јанакиески истакнува дека е поради гласачите од Пустец, а Јанкулоска вели дека „контра им се свртела корупцијата, становите…“

Исто така, во еден од разговорите од денот по изборите, се споменува и дека во Центар каде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е Владимир Тодоровиќ, е исполнет таргетот од 15.500 гласачи, но еден од соговорниците вели „абе спомениците не коштаат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...