Обвинителството отвори истрага против мајката чие едногодишно дете летово заврши на Ургентен

До овој момент не е утврден идентитетот на лицето што директно ги нанело повредите кај детето, но надлежниот обвинител и натаму презема дејствија за утврдување на фактите и доколку се утврди кривична одговорност на конкретен сторител и против него ќе биде поведена постапка. Од страна на Центарот за социјални работи на детето му е одреден привремен старател и тоа е згрижено во Домот за доенчиња во Битола.

113

Скопското обвинителство отвори истрага против мајката која заедно со нејзиното бебе летово беше примена во Ургентниот центар во Скопје. Бебето имаше хематом на главата и скршеници на двете нозе.

Истрагата обвинителството ја отвори против мајката за кривично дело запуштање и малтретирање дете.

„Постои основано сомнение дека осомничената, во периодот од 15.06.2018 до 06.07.2018 година, во повеќе наврати, со гру­бо за­по­ста­ву­ва­ње на сво­ја­та долж­ност за гри­жа и вос­пи­ту­ва­ње како родител, го за­пу­штила своето дете и како резултат на тоа кај детето-жртва настапила те­шка те­лес­на по­вре­да, со која бил доведен во опасност неговиот живот. Во временски период  додека таткото на детето родено во мај 2017 година се наоѓал на издржување на казна затвор, мајката не му пружила соодветна родителска грижа на детето, повремено го оставала само или го препуштала на грижа на други лица без притоа да внимава на сигурноста, безбедноста и потребите на детето“, наведуваат од обвинителството.

Како резултат на ваквиот третман, детето се здобило со тешки телесни повреди на телото и главата со кои бил доведен во опасност неговиот живот и на 7 јули 2018 година било примено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во рамки на предистражната постапка, надлежниот обвинител сослушал повеќе сведоци и ја испитал осомничената, издал и наредба за утврдување на психијатриската состојба на мајката, како и наредба за вештачење на видот и карактерот на повредите кај детето.

„До овој момент не е утврден идентитетот на лицето што директно ги нанело повредите кај детето, но надлежниот јавен обвинител и натаму презема дејствија за утврдување на фактите и доколку се утврди кривична одговорност на конкретен сторител и против него ќе биде поведена постапка. Од страна на Центарот за социјални работи на детето му е одреден привремен старател и тоа е згрижено во Домот за доенчиња во Битола“, соопштија од обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...