Канте според новиот договор станува најплатениот играч во тимот со неделна плата од 325.000 евра, што на годишно ниво е околу 16 милиони евра.
Челзи инсистираше на нова соработка со Канте по интересот за него пројавен од Пари Сен Жермен.
Тој е две сезони во Челзи и досега ги има освоено ФА Купот и титулата во Премиер лигата, а исто така и со Лестер беше шампион на Англија пред да дојде во Лондон.
Со националниот тим на Франција оваа година Канте го освои Мундијалот во Русија.