Џафери кани на координација, ВМРО-ДПМНЕ ќе му прати писмо

848

Продолжи собраниската седница на чиј дневен ред е законот за јазиците, но претседателот Талат Џафери и по паузата не ја чепка точката со Законот за јазиците.

Еден од координаторите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев веднаш штом продолжи седницата побара процедурално обраќање и уште една пауза од еден час.

По краткиот разговор со Илија Димовски и со Драган Данев, Џафери кажа дека ќе ги поминат сите други точки кои се за гласање, а потоа ќе направат пауза од половина час на која ќе разговара со координаторите.

Откако поминаа десетина точки, пратениците повторно заминаа на пауза до 16 часот, но од опозицијата велат дека нема да одат на координацијата бидејќи нивните барања се јасни.

Тие на паузата која е во тек ќе му испратат писмо на Џафери со две барања, да заседава комисијата за деловнички прашања и да се разгледаат амандманите, односно да има амандманска расправа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...