Шекеринска: Идната година пет отсто повисоки плати за сите во АРМ и МО

Таа појасни дека за плати идната година ќе бидат потрошени 64 милиони евра.

335

Повисоки плати идната година покрај припадниците на АРМ ќе имаат и вработените во администрацијата на Армијата и вработените во Министерството за одбрана, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес конференција на која го претстави буџетот на Министерството за одбрана за 2019 година.

– Пет отсто зголемени плати вработените ќе добијат септември 2019 година- рече Шекеринска.

Таа појасни дека за плати идната година ќе бидат потрошени 64 милиони евра.

За следната година се планира и за подмладување на составот на АРМ, додека во Министерството за одбрана ќе се врши само замена за пензионирани работници.

Вкупно 30 милиони евра од буџетот на министерството за одбрана ќе биде потрошен за стоки и услуги.

– Овие пари  ќе бидат наменетти за купување на униформи за војниците, за чизми, храна резервни делови и обуки на војниците. Дел од овие пари  ѓе бидат потрошени и за финансирање на мировните мисии на НАТО, ЕУ и ООН – рече Шекеринска.

Шекеринска појасни и дека 20,6 милиони евра од буџетот за армијата ќе бидат потрошени за нејзина  модернизација.

Буџетот за одбраната во 2019 ќе изнесува 8,3 милијарди денари. Тоа е зголемување на буџетот за 2019 година за 0,24 отсто од БДП, а во однос на ребалансираниот буџет за 2018, зголемувањето е за 33,36 отсто.

Како што рече  министерката, приоритети на буџетот во одбранбениот сектор ќе бидат квалитативно зајакнување на персоналот, опремување на АРМ согласно НАТО-стандардите и подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата.

Согласно заложбите што беа поставени за постепено зголемување на буџетот во одбраната од 2 отсто од БДП, што е согласно стандардите на НАТО, буџетот за следната година ќе достигне ниво од 1,19 отсто од БДП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...