Пред Собранието се уште трае протестот против донесувањето на законот за употреба на јазиците.
Протестот тече мирно и без инциденти. Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите.
Улицата пред парламентот е затворена за сообраќај.
Во исто време во законодавниот дом се одржува 32. собраниска седница, на чиј дневен ред е третото читање на законот и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Фото:МИА