И по 30 интервенции на срце дневно на Клиниката за кардиологија

256

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија, Жан Зимбаков, утринава го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза. 

Во оваа установа дневно се изведуваат срцеви интервенции кај 30-тина пациенти, и 5 до 10 кај акутни срцеви удари. Истовремено, клиниката има голем број на периферни интервенции, како  каротидното стентирање и интервенциите на артериите на нозете.

Според бројот на срцеви интервенции и особено бројот на интервенции кај акутниот срцев удар, Клиниката за Кардиологија е еден од најголемите центри на Балканот, нагласи министерот Филипче.

-Ова е резултат на работа на цел тим, не само од интервентни кардиолози, туку и ехокардиографисти, интензивисти, и голем средно медицински тим – потенцираше министерот Филипче.

Постојаниот развој на медицината бара следење на сите современи текови и затоа се организираат вакви собири, со присуство на врвни експерти. Денешниот симпозиум има за цел да се прикажат најновите препораки и достигнувања во периферните интервенции.

-Очекувам од следниве два дена да произлезат многу нови знаења и заклучоци кои ќе ја подобрат здравствената заштита во областа на кардиологијата – рече министерот Филипче.

Министерството за здравство ги следи барањата на Клиниката за кардиологија и ги поддржува во нивниот развој. Во следниот период ќе се вложува во подобрување на капaцитетите, зајакнување со нов кадар и опрема, како и воведување на нови и современи кардиолошки интервенции во секојдневната работа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...