Вработен во Владата раздавал службени броеви и го оштетил буџетот за два милиони денари

1079

Вработен во Службата за општи и заеднички работи во Владата на позицијата самостоен референт-организатор за услуги со фиксната и мобилната телефонија, дал на користење девет СИМ картички на непознати лица.

Тој доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и според пријавата од МВР го отетил буџетот на СОЗР за 2.079.471 денари.

– Во временскиот период мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица тој дал на користење девет СИМ картички, сопственост на СОЗР, без притоа да подготви и  потпише реверси за задолжување со податоци и потписи на лицата, како и своерачно потпишани изјави од истите со кои се согласуваат во случај на пречекорување на ограничувањето на сметките за користење на телефонските броеви, разликата од утврденото ограничување и висината на сметката да им биде задржана од месечната плата – наведуваат од МВР.

Понатаму, наведуваат од полицијата, фактурите од Македонски телеком пристигнале за наплата на побарувањата по основ на остварените мобилни услуги за 9-те телефонски броеви, пријавениот како овластено лице задолжен да врши контрола и проверка на сметките на корисниците на службени мобилни телефони, иако знаел дека  телефонските броеви ги користат лица на кои што не им следуваат телефонски броеви и нема изработени и потпишани реверси, своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...