Фокс Њуз упати извинување до Хилари Клинтон и гледачите, откако гостин на нивната програма ја спореди Клинтон со херпес.
Гостинката Ана Паулина го коментираше емајл скандалот на Клинтон.
Откако водителот Рик Левентал спомна дека Клинтон ја има постојано во медиумите, Паулина рече „таа не сака да си оди, како херпес е“.
Левентал веднаш рече дека тоа не е соодветно.
Паулина ја напушти емисијата и дискусијата продолжи без неа.
Извор: Hollywood Reporter
ФОТО: Принтскрин