Еден од демонстрантите пред Собранието вечерва со бастун удри по еден од автомобилите.
До инцидентот дошло кога поради блокирање на улицата пред Собранието од мала група граѓани, дошло до расправија со возачите кои беа заглавени со своите автомобили во сообраќајниот метеж.
Полицијата која беше присутна пред Собранието ги смируваше демонстрантите кои без никаква причина беа гневни на возачите и упатуваа навреди кон нив.
ВИДЕО: 1ТВ