Охридските наставници и професори се уште не зеле плата

203

Наставниците, професорите и вработените во охридските основни и средни училишта се уште не ги примиле платите за месец октомври.

Проблемот е настанат поради недоследности околу начинот на кој се вршат пресметките за месечен надомест за админитративните службеници во образовните институции, кои пресметките ги направиле согласно правилата за пресметка на плата утврдени со Законот за административни службеници.

Бројот бодови за платите за секретарите, односно административците се утврдува согласно Законот за административни службеници, додека вредноста на бодот е утврдена со одлука на Совет на Општина Охрид.

Министерството за образоване и наука е на став дека платата за службениците во ресорот треба да се пресметува според Колективните договори за средно и основно образование, што резултира со разлика во пресметките, поради што е блокирана и исплатата на личните доходи за вработените во образовните институции во градот.

Училиштата во Охрид веќе извршиле корекција на пресметките според претходните практики односно според Колективните договори така што се очекува веќе од утре да почне исплатата на платите за октомври.

Прашањето што создава дилема е како во иднина ќе се регулира утврдувањето на месечните примања за административните работиници во образовните институции кога очигледно има недоследности во легислативата, односно колизија меѓу двата начинa на пресметка.

За да биде ситуацијата уште понејасна, пресметувањето на висината на платите за административците согласно Законот за административни работници е почнато да се спроведува со стапувањето во сила на новата легислатива пред повеќе од половина година, а ресорното Министерство сега за првпат реагира на таквата практика на која досега немало забелешки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...