Град Скопје се кандидирал за „Зелена престолнина на Европа 2021“ (European Green Capital). На конкурсот се пријавиле 9 града од европски земји.
Наградите се создадени за да се вреднуваат достигнувањата на градовите во нивните напори да го подобрат квалитетот на живот и животната средина.
Како што е познато, Скопје важи за еден од најзагадените градови во светот.
Други градови кои се пријавиле за наградата „Европска зелена престолнина 2021“ се: Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).