ЕК: Потребни се објаснувања од Унгарија за одлуката за азил

312

Европската комисија го дели ставот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дека одлуката да му се додели азил на Никола Груевски заслужува дополнителни објаснувања од страна на унгарските власти.

– Нема бегање од владеењето на правото – изјави портпаролот на ЕК Маргаритис Шинас.

Тој порача дека одлуката за доделување на азил за Груевски е одлука на судијата и дека Европската комисија „не може многу да направи тука“, но оти тоа не значи дека не се потребни дополнителни објаснувања.

– Ваквиот тип на одлуки изискува дополнителни објаснувања – изјави Шинас.

Европската комисија потврди дека го добила писмото од европратеникот Бенедек Јавор во кој тој бара одговор од еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулост за легалноста на одлуката за азил на Унгарија.

Според Јавор, оваа одлука е спротивна на директива на ЕУ од 2011 година. ЕК сепак не сака да прејудицира кој ќе биде одговорот на Аврамопулос, изјави Шинас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...