Фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Френки де Јонг, може да ја продолжи својата кариера во француското првенство.
Според Марка, ПСЖ е подготвен да плати 80 милиони евра за 21-годишниот Холанѓанец.
Актуелниот договор на играчот е со важност до 2022 година.
Оваа сезона, Де Јонг играше на 19 натпревари и постигна два гола.