Невладините бараат укажувачите Лазаревски и Костовски да се вратат на работните места во МВР

776

Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, чие храбро откривање на тајните прислушкувања доведе до оставка на премиерот Никола Груевски во 2016 година, треба веднаш да бидат вратени на работните позиции во државниот сектор, што ги изгубија како одмаздување за нивното дело, бараат трите невладини организации Транспаренси Интернешнл-Македонија, Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа, и Европскиот центар за правата на укажувачите.

– Македонија треба да остане силна во борбата против заробувањето на државата која ефикасно започна со откривање на тајните прислушувања и големите коруптивни шеми предводени од поранешниот премиер Груевски – изјави Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Споре неа не е праведно да се зборува за тоа колку е важна борбата против корупцијата за правда во Македонија без да се донесе правда за Лазаревски и Костовски.

– Враќањето на нивните работни позиции за овие укажувачи е најмалку што може да биде очекувано по усвојувањето на Законот за заштита на укажувачите којшто беше усвоен како резултат на нивното откривање и во последователните политички одлуки, вклучувајќи го и формирањето на Специјалното обвинителство кое ги води истрагите – изјави Тасева.

Работејќи како колеги во Управата за безбедност и контраразузнавање, Лазаревски и Костовски работеа три години за да документираат несоодветно прислушување на околу 20.000 државни службеници, судии, луѓе од бизнис – секторот, активисти, новинари и други лица под сомнение од страна на владата на Груевски.

Откривањето на „бомбите“ во 2015 година доведе до оставка на Груевски, до нови избори во 2016, формирање нова влада во 2017 година и обвиненија за 94 луѓе и седум компании.

– Значењето на она што Лазаревски и Костовски го направија за да ја „прочистат” нивната држава не може да биде повеќе нагласено – изјави Кристина Стеванчевиќ, координатор на Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа, со седиште во Подгорица.

Како одмазда за нивното откривање на прислушувањето, Лазаревски и Костовски беа кривично обвинети и поминаа речиси една година затвор – од коja поголем дел во самица. Потоа обвиненија против двајцата беа повлечени.

– Овие двајца луѓе претрпеа доволно. Тие не можат да го вратат времето кое неправедно го поминаа во затвор. Нашите основни поими за правда и достоинство бараат да бидат вратени на нивните работни места и целосно да бидат компензирани за сите нивни загуби – изјави Марк Ворт, извршен директор на Европскиот центар за правата на укажувачите, со седиште во Берлин.

Трите невладини организации активно водеа кампања за Лазаревски и Костовски за нивните финансиски загуби. Транспаренси Интернешнл Македонија ги номинираше двајцата за наградата „Дафне Каруана Галиција” која се доделува за новинари и укажувачи.

Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа им ја додели на Лазаревски и Костовски Наградата за Слободен Говор на јавна церемонија во Приштина во месец март од оваа година. Европскиот центар ги повика активистите и граѓаните ширум светот да пишуваат писма до претставниците на македонските власти за поддршка на укажувачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...