Синоќа околу 18.20 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов“ во туристичка агенција засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари.
Тој влегол во просторијата и со закана со секира од вработената одзел повеќе од 25.000 евра и заминал во непознат правец.
Сторителот полицијата го сомничи за кривично дело разбојништво.
Од СВР Струмица информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот