Унгарски европратеник до ЕК: Груевски не може да добие азил бидејќи е осуден за корупција

619
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, му испрати официјално писмо на еврокомесарот за миграција  и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, во кое бара од Европската Комисија да го каже ставот за доделениот азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од страна на унгарската влада.

Во писмото тој вели дека унгарските власти одобриле азил за Груевски кој под „сомнителни околности“ пристигнал во унгарската престолнина со помош на унгарските власти и таму побарал политички азил.

Тој потсетува дека Груевски е осуден за корупција во Македонија и ги набројува основите врз кои лице може да побара азил во ЕУ согласно директивата на ЕУ 2011/95. Во членот 12 параграф 12 стои дека државјанин на трета земја не може да добие статус на бегалец доколку тој сторил „сериозен неполитички злостор“.

„Бидејќи корупцијата не е еден од овие злостори, кои се сметаат за политички, верувам дека унгарската влада не беше во позиција да одобри азил за Никола Груевски. Затоа, би сакал да ве замолам да ме информирате за позицијата на Европската Комисија за тоа дали одлуката на унгарската влада е во согласност со европското законодавство и доколку не е, која е намерата на Комисија во овој случај“, му напиша Јавор на Аврамопулос. 

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...