Доживотна казна затвор во ОАЕ поради шпионажа доби Британец

182

Суд во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска го осуди 31-годишниот Британец Метју Хеџис на доживотна затворска казна, под обвинение за шпионажа.

Хеџис, кој е докторант по англиски јазик на Унверзитeтот „Дарам“, беше уапсен на аеродромот во Дубаи на 5 мај годинава.

Шефот на британската дипломатија Џереми Хант изјави дека е шокиран од пресудата и најави дека ќе отпатува за ОАЕ.

– Ова не е нешто што го очекуваме од пријател и доверлив партнер на Велика Британија и е во спротивност со претходните најави – истакна Хант.

Тој нагласи дека овој случај ќе има „последици по односите меѓу двете земји, кои треба да бидат засновани на доверба“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...