Kина ќе ги ограничи платите на фудбалерите

106

Кинеските власти ќе ги ограничат клубовите во трошење на средствата за следната сезона. Според „Ксинхуа“, плафонот за плата за следната година ќе биде воведен во клубови, но неговата вредност се уште не е објавена.

Исто така, ќе бидат строго регулирани трошоците за купување фудбалери и плаќање бонуси за нив.

Претходно, беше наметнат данок за потпишување на договори со странци во вредност од повеќе од шест милиони евра.

Се проценува дека овие мерки што ги воведе Кина, значително да ги намалат трансферите на, пред се, европските фудбалски ѕвезди кои во последно време за своја фудбалска дестинација ја одбираа оваа азиска земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...