Бошњаковски: Азилот и екстрадицијата за Груевски не се во корелација

Бошњаковски рече дека сѐ уште во МВР се водат постапки за утврдување како Груевски избега од земјата и доколку се утврди одговорност ќе биде понесена.

415

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска соопшти дека дадениот азил од Унгарија на поранешниот премиер и осуден на две години Никола Груевски не е во спротивност на постапката за екстрадиција која вчера ја почна Владата.

– Постапката за азил не е во корелација со постапката за екстрадиција. Постапката за екстрадиција е започната. Логично е кога ќе се разгледаат документите за екстрадиција тие докажуваат дека наводите на Никола Груевски за азил се лажни. Очекуваме Унгарија да ја отповика одлуката за азил и да го екстрадираат Груевски во земјава – рече Бошњаковски.

Бошнаковски е сигурен дека Груевски ќе биде вратен во земјава бидејќи како што рече Унгарија мора да ги почитува меѓународните обврски.

– Груевски ќе се врати во РМ и ќе ја отслужи казната. Кристално јасно е дека наводите во неговото барање за азил се лажни- рече Бошљаковски.

Тој појасни дека Груевски не се бара само за отслужување на казната туку и за други случаи за кои се води постапка за него во земјава.

Бошњаковски рече дека сѐ уште во МВР се водат постапки за утврдување како Груевски избега од земјата и доколку се утврди одговорност ќе биде понесена.

– Се водат две постопки во МВР сите информации кои ќе се утврдат детално ќе дадат одговор на тоа како ибегал Груевски и кој е одговорен за тоа Кога ќе бидат уртврдени сите параметри од истрагата ќе се утврди и одговорноста за бегството на Груевски- рече Бошњаковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...