Поранешната холандска амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини во разговор за МКД.мк вели дека многу е важно луѓето што се одговорни за она што се случувало во земјата минатите години да замолчат и да размислат што ѝ направиле на Македонија.
– Луѓето што се одговорни за високото ниво на корупција, за поткопувањето на владеењето на правото во Македонија, за поткопувањето на независноста на медиумите, за корумпирањето на судиите, и да бидам искрена, некои луѓе од претходната влада, а ние добро знаеме кои се тие, поранешниот премиер, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и некои други што со право се обвинети сега во судски случаи, мислам дека крајно време е да замолчат и да размислат за она што ѝ го направиле на земјата, против земјата и против нејзините граѓани – изјавила Филипини.
Целиот разговор можете да го прочитате ТУКА.