Единаесетгодишно девојче е повредено откако во него удрило возило вчера во 16.40 часот на крстосницата од улиците Кемал Сејфула и Крсте Асенов. Возилото „опел aстра“ било управувано од Н.М.(55) од Скопје.
Девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.