Почна седница за законот за јазиците

456

 Во Собранието на Република Македонија попладнево почна 32. седница на која треба да се расправа за законот за употреба на јазиците, во трето читање.

На седницата присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат поднесено над 35.000 амандмани на законот.

Пред седницата, пратеничките групи во Собранието, одржаа координативни средби со лидерите на нивните партии.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев беше на координација со пратениците од неговата партија и коалицијата, а координација со партискиот лидер Христијан Мицковски одржаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Половина час пред почетокот на седницата во собраниската зграда дојде и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој кусо изјави дека очекува законот да биде донесен.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по координацијата не открија како ќе настапат на денешната седница на која на дневен ред се нивните амандмани. Само велат дека законот не треба да биде донесен без да има амандманска расправа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...