Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа

1273
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но не ја смета за сигурна земја, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.

– Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа, напиша Хан.

Тој вели дека ако навистина Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, „очекува гласно објаснување за нејзините основи од унгарскиот премиер Виктор Орбан“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...