Репрезентацијата на Косово е ривалот на Македонија во полуфиналето од фудбалската Лига на нации.
Ова е епилогот по завршувањето на групната фаза од новото натпреварување на УЕФА.
Косово синоќа го победи Азербејџан со 4:0 и заврши на првото место во третата група од Д-лигата со 14 бода.
Полуфиналето во март ќе се игра во еден натпревар на кој домаќин ќе биде Македонија поради повеќето освоени бодови во групите.
Втората полуфинална двојка од плеј-офот за пласман на ЕП го сочинуваат Грузија и Белорусија.