Поранешниот банкар со француско – швајцарско потекло, државјанин на Франција, а во Грција обвинет за перење пари Жан Клод Освалд, вчера успеал да се ослободи од електронската алка и да побегне од домашен притвор, јавија грчките медиуми.
Тој е обвинет во два големи скандала во Грција, перење пари од митото земено за договорите за вооружување и во скандалот Сименс и се чека судската пресуда. Според медиумите во Грција, преку Освалд одело перењето пари, односно преку него митото било префрлано на сметки на оф-шор компании, а потоа и на швајцарските сметки на грчки политичари.
Грчката полиција од вчера трага по Освалд, биле известени граничните премини и аеродромите, во случај тој да сака да побегне во странство, јави дописничката на МИА од Атина.
Освалд последен пат бил виден вчера во 12 часот и 50 муинути кога со полициска придружба бил вратен дома, откако бил во суд. Во 13 часот и 56 минути успеал да го уништи системот за електронско следење и да побегне од една атинска населба.
Освлад беше уапсен во 2015 година, а во 2016 година мерката притвор била заменета со куќен притвор со електронски надзор.
ФОТО: МИА