Последните зборови на Кенеди пред атентатот

887
ФОТО: RD

Љубовната приказна помеѓу Џон Ф. Кенеди и неговата сопруга Џеки била далеку од идеална и завршила трагично во 1963 поради куршум. Сепак важи за една од најголемите американски романси, документирана во слатки, носталгични фотографии.

Погледот на нејзиниот сопруг веднаш откако било пукано во него, ќе ја мачи Џеки целиот живот, напишал Кристофер Андерсон во „The new precious days: The final year of Jack with Jackie“.

Последните зборови кои таа му ги кажала на убиениот биле „Те сакам, Џек. Те сакам“. Дури и во болницата во која тој бил прогласен за мртов, таа се наведнала и повторувала „Џек, Џек, дали ме слушаш? Те сакам“.

Последните зборови на претседателот Кенеди не биле толку емотивни. Тој сепак не знаел дека ќе умре за неколку минути. Наводно, последно што изговорил било „Господи, јас бев погоден“, меѓутоа се тврди дека со неговите повреди, тоа било невозможно.

Историчарите тврдат дека пред да го погоди куршумот, тој рекол „Не, сигурно не“. Тоа биле неговите последни зборови, како одговор на изјавата „Не можеш да кажеш дека луѓето од Далас не ти дадоа пријатно добредојде“.

ФОТО: RD

Извор: AOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...