Владата на денешната 104 седница донесе негативно мислење за Предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Собранието.
Владата, како што информира прес службата, одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судовите до Венецијанската комисија, од која се очекува да даде мислење за предложените измени и дополнувања.