Владата на Унгарија не е сигурна дека екс премиерот Груевски добил фер судење во Македонија. Шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оценки
– Треба да се земат предвид и условите во македонските затвори, како и ситуацијата со македонското правосудство, кои добиваат лоши оценки во извештаите на Европската комисија и Советот на Европа при разгледување на барањето на осудениот експремиер Никола Груевски за азил во Унгарија – изјави Гергели Гулаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер.