Политичко самоубиство?

3004

Во изминатите денови се случија неколку инциденти во врска со слободата во Македонија – заканите кон „копилето“ Селмани, „интервенцијата“ на Илија Гечев во цензурирањето на програмата на „Код“ на ТВ Телма, продолжените неказнети блуења на навреди и клевети од пропагандистичките перјаници на минатата власт и тн. – кои, иако неповрзани, даваат можност во поединечното, да се види општата тенденција. Некако, слободата, правната држава и демократијата како да губат здив, за сметка на оние вредности кои подразбираат правење уште повеќе пари и стекнување уште повеќе неконтролирана моќ, без големи обѕири за јавниот интерес!

Хе-хе-хе… Тоа во времето на Груевски не можеше да се случи! Замислете, во некоја 2013 година, на пример, ТВ Сител да имал за објавување некаков прилог што не му се допаѓал на г. Гечев, па овој да се јавел во Сител и „на невидено“ да се заканел со тужба, а Сител да го забранел прилогот?!?!… Ха-ха-ха-ха… Мислам дека следниот ден ќе го гледавме г. Гечев по телевизии (ексклузивно, во живо, на Сител!) легнат на некој кавадаречки асфалт, како го апсат за погрешно паркирање, со бутнат пиштол в уста!

Бидејќи, во Груево време се знаеше: само Фамилијата можеше да забранува (и да нарачува) наменски телевизиски прилози, за да се спречи анархијата на демократијата кога секој би објавувал (или забранувал) што и како ќе му текне!

Времињата се променија. Денеска секој секому може да му бутне пиштол в уста. Дојде живот, тоа е.

Но, да се разбереме, ЌЕ ИМА ПОСЛЕДИЦИ од вака сфатениот живот, кога промените во Македонија се одвиваат како многу успорена телевизиска снимка, а менталитетот и двигателите на минатиот режим – заедно со најголемиот број нивни политики! – се распашани по сите вертикали и хоризонтали на државата и општеството.

На пример, самиот факт дека групацијата најосомничени и најобвинети функционери од минатата власт („Ностра Фамилија“) се дрзнала да организира своја, прилично масовна, пара-партиска разузнавачко-оперативна мрежа, која – без сомневање – и во стратегиското и во тактичкото функционирање е во дневна координација со владејачкиот „полусвет“ од екипите на СДСМ, е доволно загрижувачка тенденција, веројатно и заради фактот што никој ништо сериозно не превзема во врска со тоа. „Дечкото со подигнатата веѓа“, во недостаток на пасош, секој ден ординира во својот мафијашки хотел во центарот на Скопје – во кој, патем биди речено, комотно отседнуваат сите странски политичари и експерти кои буквално нè удавија со заложбите дека Македонија мора да се справи со организираниот криминал и корупцијата во општеството! – опуштено координирајќи ги бројните активности за блокада и поткопување на сите политики на Владата на Заев.

Всушност, Фамилијата не е веќе сместена во белата владина шампита покрај Вардар, кај што седи Заев; не е ни во белата партиска палата, кај што седи Мицкоски; туку неколку стотици метри понатаму, во белиот хотел во центарот на Скопје, од каде што комотно и во добро расположение управува со целата тековна контра-револуција.

Еве, да ви предложам една непријатна теза: БАШ ТАКА, пред 15 години, беше ликвидиран Зоран Ѓинѓиќ во Белград. Тој со судни маки и по цена на голем личен ризик – како и Заев во Македонија – собори од власт еден грд, злосторнички режим, седна на власт со големи амбиции и очекувања во јавноста, но не расчисти со политичките и криминалните екстензии и експозитури на паднатата власт, туку влезе во разни „домунѓавања“ со нив, за да одржи политичка стабилност и да добие што поширока поддршка за реформите; неговите противници, пак, кога сфатија дека најлошото го преживеале без влакно да им фали од главата, се повратија од шокот заради загубената власт, се прегрупираа, веднаш ги реставрираа бизнисите со разно-разни претставници на новата власт на Ѓинѓиќ, наново се окуражија (а пари, патем, имаа во неограничени количества!) и, во суштина, продолжија да го прават она што најдобро го знаеја: криминали, политички ујдурми, валкани медиумски пропаганди, увози-извози, рекети, закани, елиминации, дискредитации… До денот 12 март 2003 година, кога лично на Ѓинѓиќ му го свирнаа куршумот директно в срце!

Останатото во Србија е (знаеме каква) историја, а Демократската партија на Ѓинѓиќ речиси веќе и да не постои.

Јас мислам дека снајперот за Заев веќе е нарачан. Јас така би играл, да сум на нивно место. А потоа политичката „оставина“ на Заев ќе се распадне за една недела по неговата ликвидација, со комплетно нова историска интерпретација на „бомбите“, со елиминирање на сите поддржувачи на реформите и со редефинирање на н

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...