Во притвор тројца поради насилство на улица во Гостивар

101

На тројца од петте лица осомничени за физичката пресметка што во Гостивар се случи минатата недела  судот им определи притвор во времетраење од 30 дена.

За двајца од осомничените определен е куќен притвор, соопшти обвинителството.

Петмината осомничени учествувале во физичка пресметка во Гостивар, каде што на 14 ноември годинава, во 14 часот, во центарот на градот, на прометната улица Браќа Ѓиновски нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...