Лидија Димчевска стана в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје

461

Апелациската судијка Лидија Димчевска, назначена е за в.д. претседател на Апелацискииот суд Скопје, а досегашната претседателка Лилјана Шопова заминува в пензија.

Димчевска има 31 година судиски стаж.

Вонредното оценување го побара членот на Судскиот совет Влатко Самарџиски, кој рече дека тоа е согласно Законот.

Самарџиски додаде дека некои од кандидатите од Кривичниот суд биле ниско рангирани поради злоупотреби со годишниот распоред на судиите.

Предлогот на Самарџиски го поддржаа осум членови на Судскиот совет, додека шест беа против.

Членот на Судскиот совет Александра Зафировска се спротивстави за вонредното оценување на судиите, велејќи дека овој предлог е задоцнет.

Членовите на Советот одлучија јавноста да биде отстранета од седницата кога ќе се зборува за извештајот за злоупотребите со АКМИСОТ во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот суд, како и за иницијативата за разрешување на пет врховни судии меѓу кои и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, со чија одлука беше ослободен од притвор избеганиот бизнисмен Сеат Кочан, обвинет од СЈО во случајот „Труст“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...