За патна и железничка инфраструктура догодина планирано е да се потрошат 84,5 милиони евра. За технолошко – индустриските зони од новата буџетска каса резервирани се нешто над 10 милиони евра, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во стартешкиот проект „гасификација“ во 2019 година треба да се инвестираат 25,4 милиони евра. „Порталб“ со детали од развојниот дел на Буџетот за 2019 година, за што и колку ќе се трошат партите наменети за капитални расходи:
Гасификација, социјални станови, инфраструктура….
Надградбата и реконструкцијата на новата зграда на Министерството за транспорт и врски ја нема во развојниот дел на Буџетот за 2019 година. Според податоците од предлог буџетскиот документ, догодина повторно се планирани пари за изградба на социјални станови во висина од 5 милиони евра. Оваа сума со ребалансираниот буџет за 2018 година изнесува 4,2 милиони евра.
За изградба на водовод и канализација во општините во земјава, догодина ќе се потрошат 5,4 милиони евра, за проектот за водоснабдување и одведување на отпадни води, планирани се 9,8 милиони евра. Во новиот Буџет повторно се најде индустриската зона во Визбегово, каде за изградба на водовод и канализација, власта испланира средства во висина од 900 00 илајди евра.
Гасификацијата повторно со „милионски“ суми е вградена во новите буџетски проекции или за овој капитален проект планирани се 24,5 милиони евра.
– Во рамките на овој проект е опфатена изградбата на делницата Клечовце -Штип, како и на останатите делници од Проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 – делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје -Тетово – Гостивар – се наведува во буџетскиот документ.
И догодина „железничката инфраструктура“ е приоритет во инвестициските програми на власта.
– Подобрување на железничката пруга Коридор 10, Рехабилитација на железничката пруга Коридор 8 – делница Куманово – Бељаковце, Рехабилитација и изградба на нова пруга Коридор 8 – делница Бељаковце – Крива Паланка, како и надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници – пишува во предлог Буџетот за 2019 година.
Годинава, капиталните расходи за оваа намена во висина од 29,6 милиони евра го „преживеаа“ ребалансот а во 2019 година сумата за инвестиции во железничка инфраструктура изнесуваат 61,3 милиони евра.
Болници и клиники во Скопје, Штип, Кичево …
Општата болница во Кичево повторно се најде во новиот Буџет за 2019 година.
– Целта на оваа програма е реконструкција на Општата болница во Кичево – фаза 1 и фаза 2 која ќе ги содржи следните содржини: дијагностички центар со третман, стационар за болните лица, гинекологија и акушерство, хирургија, интерна медицина и амбулантски дел – се наведува во Буџетот.
Догодина за реализација на овој проект ќе бидат одвоени 2,2 милиони евра, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Годинава со ребаланс на Буџетот, финансиите се намалија на околу 850 000 евра. Новиот клинички центар во Скопје и во Штип повторно се најде во Буџетот за 2019 година. За вој капитален проект за двата града, долго најавуван, догодина се одвоени 9,5 милиони евра.
– Програмата ќе опфати изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје во кој ќе бидат сместени најмалку 25 клиники и неколку институти, како и изградба на нова Клиничка болница во Штип“ – се наведува во буџетскиот документ. Годинава со ребелнс на Буџетот средставата се намалија на 4,6 милиони евра а претходно беа планирани дури 20.3 милиони евра. Клиничкиот комплекс, еден од најзначајните проекти за здравството, заглави поради тоа што се проблематизираше локацијата на која треба да се гради.
Во развојниот дел од Буџетот за 2019 година воопшто го нема проектот “здравствена картичка“ за кој за последен пат годинава ќе бидат одвоени осум илајди евра.
Книги, училишта , студентски домови ….
И догодина со буџетски пари ќе се финансира проектот „Превод на книги од реномирани автори“, за што Владата планира да потроши 650 000 евра, што е помалку во однос на годинава, кога се планирани нешто повеќе од 800 000 евра.
– Основна цел на овој проект е превод на нови 500 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на најреномираните универзитети со цел значително подобрување на фондот на учебни помагала – се наведува во новиот Буџет.
За изградба и реконструкција на основни училишта во земјава и изградба на спортски сали во основните училишта догодина ќе се потрошат 10,2 милиони евра и во споредба со 2018 година, средствата се удвоени но откако претходно капиталните вложувања во образованието беа значајно намалени со усвојување на ребаланс на Буџетот.
За изградба и реконструкција на средни училишта во земјава и изградба на спортски сали во средните училишта, во 2019 година планирани се 2,1 милион евра. Годинава за оваа намена треба да се потрошат 1,5 милиони евра. За реконструкција на ученички домови во земјава, Владата догодина планира да потроши скоро 500 000 евра а за изградба и реконструкција на студентски домови планирани се 4 милиони евра. Токму инвестициите во студентските домови беа на „удар“ со ребаланс на буџетот пришто финансиите се сведоа на само 1,6 милиони евра.
Детски градинки и домови за стари лица …
За изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита во кои спаѓаат детски градинки и одморалишта, со новиот Буџет за 2017 година, Владата предлага да се потрошат 1,4 милиони евра а оваа сума во следните дев години 2020 та и 2021 година треба да се зголемува. За изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица со Буџетот 2019 година планирани се средства во висина од скоро 400 000 евра, сума која е повисока во однос на годинашниот ребалансиран буџет, во кој за оваа намена се предвидени 290 000 евра.
Големи амбиции за 2019 – дали ќе се оставрат..
Годинава што изминува беше поразителна за реализација на капиталните раходи. Од предвидените 392 милиони евра, на крајот од септември се остварија само 107 милиони евра или 27,43%. Токму слабата реализација на капиталните раходи беше и клучната причина за ребаланс на Буџетот. Со новиот за 2019 година, Владата повторно проектираше високи позиции на капиталните расходи кои во однос на годинава ќе бидат зголемени за околу 40 отсто.
Капитални расходи:
Буџет 2018 година 392,0 милиони евра
Ребаланс на Буџет 2018 година 300,0 милиони евра
Буџет 2019 година 426,0 милион евра
Креаторите на економските политики најавуваат дека 2019 година ќе бид економски успешна.
– Со буџетските промени за 2019 најавуваме пресвртница во економските политики. Силниот фокус на евроатлантските интеграции го зајакнуваме со Буџет за растечка економија, за социјална оправедност, за поквалитетни здравствени услуги и за подобро живеење на сите – изјави премиерот Зоран Заев.
Догодина државната каса ќе тежи 3,7 милијарди евра и ова ниво е историски највисоко. Додека власта Буџетот го оценува како развоен и социјален, дел од економистите и стопанствениците се изненадија од висината на планираните трошења и предупредија на внимателност при менаџирање на парите, идните задолжувања и потребата од механизам за позначајна реализација на капиталните инвестиции во година во која Македонија повторно ќе се соочи со изборен циклус-претседателски избори.