Пет кандидати во трка за атлетичар на годината

128

Светската атлетска федерација (ИААФ) ги објави имињата на пет кандидати номинирани за наградата најдобар атлетичар на 2018 година.

Номинирани се: Крис Колман (САД) и Елиуд Кипчоге (Кенија), Арманд Дуплантис (Шведска), Абдеррахман Самба (Катар) и Кевин Мајер (Франција).

Победникот ќе биде објавен на 4. декември.

Претходно, ИААФ ги објави имињата на пет кандидати за титулата атлетичарка на годината.

Претендентки за наградата се: Дина Ешер-Смит (Велика Британија), Беатрис Чепкоеч (Кенија), Кетрин Ибаргуен (Колумбија), Шауна Милер-Ујбо (Бахами) и Нафисату Тиам (Белгија).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...