Мртов кит со 115 пластични чаши во себе пронајден во Индонезија

703

Близу индонезиските источни брегови беше пронајден мртов кит, кој во стомакот имал 115 пластични чаши, две пластични влечки, четрири шишиња, 25 ќеси и многу други пластични предмети.

– Трупот на китот е долг 9,5 метри и бил пронајден во водите на островот Вакатоби во провинцијата Сулавези – изјави директорот на Националниот парк Вакатоби, Хери Сантозо.

Причината за смртта не е позната, но телото веднаш беше погребано, оти било во поодмината фаза на распаѓање.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...