Скандал ја потресе Хрватска, професор гледал како ученик сексуално злоставува девојка и не преземал ништо.
Училишниот одбор на медицинско училиште во Пула ја сменил директорката на училиштето. Таа сепак дошла на работа и им дала до знаење дека не ја признава нивната одлука.
Директорката била сменета затоа што штитела професор кој со години правел проблеми. Тој доцнел на настава, а се случувало и да не отиде. Најновиот скандал, кој се случил на неговиот час, ја прелил чашата. Ученик сексуално злоставувал соученичка, а тој воопшто не реагирал.
– Според зборовите на девојката, соученикот ја допирал и и ги ставал рацете во градникот и долниот веш. Кога таа им кажала на родителите, директорката донесе решение за вонреден отказ на професорот. Неколку дена подоцна, таа сакаше да го врати професорот на работа, а одборот со неа не се сложи. Се изгуби секаква доверба во директорката, бидејќи професорот беше проблематичен и претходно. Директорката долго време „му гледаше низ прсти“. Одборот одлучи да ја смени, но таа не може да се помири со тоа – рекол извор за српски „Курир“.