Мукоски нема да дава одбрана за 27 април, Тарчуловски ги повлекол доказите

Ниту еден од пратениците не сакаше пред медиумите да коментира за амнестијата која е во најава.

1378

Од наредната недела во судскиот процес за 27 април ќе се започне со доказите на одбраната и нивните сведоци.

На денешното рочиште кое се одложи поради смртен случај на близок роднина на обвинителката Вилма Русковска, во судница беше кажано дека пратеникот Крсто Мукоски нема да дава своја одбрана туку само ќе се сослушаат двајца сведоци кој тој ги предлага.

Пратеникот Јохан Тарчуловски, пак, ги повлекол сите докази кои првично ги предложиле со неговите адвокати. Тој на судијката Добрила Кацарска и посочи дека само тој ќе даде своја одбрана пред судот.

Ниту еден од пратениците не сакаше пред медиумите да коментира за амнестијата која е во најава. Пред медиумите кратко зборуваше само шефот на обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски Леви кој рече дека амнестијата е политичка одлука, а тој во Собранието си ја вршел работата професионално.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...