Возач од Милетино удрил во дрво и починал

144

Синоќа околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...