Премиер лигата чека доказ дека Челзи незаконски го потпишал Кристенсен

158

Англиската Премиер лига реагираше на изјавата која се појави на „ Football Leaks“ дека Челзи го потпишал Андреас Кристенсен кога имал 15 години, обвинувајќи го клубот за прекршување на правилата.

Наводно, Лондончарите пред седум години се договориле со таткото на фудбалерот, а правилата на Премиер Лигата забрануваат било какво исплаќање на семејствата на млади играчи за трансфер.

– Ако добиеме официјален доказ дека нашите правила се прекршени, тогаш ние ќе го испитаме ова целосно транспарентно – соопштија од Премиер Лигата.

Кристенсен сега има 22 години и се уште нема изборено стандардно место во првиот тим на Челзи.

За „сините“ од Лондон дебитираше во 2013 година, од 2015-2017 беше на позајмица во Борусија Менхенгладбах.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...