Бесплатно измерете ја дишната функција утре во Капитол мол

222

По повод светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, 21.  ноември, кој се одбележува под мотото ,,Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите за граѓаните, ќе организираат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција.

Прегледите ќе се изведат на 21.11.2018 година (среда) од 11.00 до 14.00 часот во Капитол мол во Аеродром, Скопје.

-Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на лицата кои страдаат од ХОББ – велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и од Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија

Тие додаваат дека еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, но препорачливо е сите кои се во можност да се проверат утре на бесплатните прегледи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...