Под влијание на потопол влажен бран, денес и утре ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Денеска во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2), а утре пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.
Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.