Лазаров во Нант до 2021 година

133
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го продолжи договорот со Нант до јуни 2021 година. Актуелниот договор на Лазаров истекуваше на крајот од оваа сезона, но францускиот тим ќе го задржи искусниот бек и во наредните две сезони.
– Среќен сум што соработката со Нант ќе продолжи и во наредните две години. Дојдов овде бидејќи знаев дека тимот игра со карактер. Не беше лесно кога дојдов, дојдов со големи амбиции, но не зборував француски. За една година ситуацијата се смени многу. Сега во Нант се чувствувам многу добро, ми се допаѓа клубот и ги сакам неговите навивачи. Клубот расте секоја сезона и сигурен сум дека заедно ќе бидеме подобри во годините кои доаѓаат. Јас сум лојален човек и сакам да му вратам на клубот за довербата што ми е дадена, изјави Лазаров за сајтот на клубот.
Македонскиот репрезентативец дојде во Нант минатата сезона, по четири години во Барселона. Лани со Нант тој се пласираше во финалето на ЛШ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...