Еленко Миланов, адвокат на Никола Груевски во вечерашното гостување на телевизија Телма изјави дека не знаел дека неговиот клиент планира да ја напушти Македонија.
-Ниту сум имал сознанија, ниту ништо. Десетина дена пред да замине е последниот мој контакт со Груевски и немаше никакви такви најави. После објавувањето на статусот на Фејсбук, тој ми се јави како негов бранител да ми каже дека заминал во Унгарија да бара азил. Немаше сознанија од претходно за такво нешто. Греувски само ми кажа дека од тој број ќе ме бара доколку има потреба и дека јас можам да го барам на тој број. За тој контакт е известен и судот – вели адвокатот Миланов.