Училиште во англискиот град Бикерхед, во близина на Ливерпул, забрани носење скапи, брендирани јакни, во обид да ја намали разликата меѓу учениците.
Во писмо упатено до родителите, управата на училиштето навела дека на учениците не им е дозволено носење јакни од брендовите „Монклер“ и Пиренекс“, меѓу другите.
Директорката на училиштето Ребека Филипс изјавила дека родителите ја поддржале новата политика во училиштето, но имало и такви што на Твитер коментирале дека потегот на образовната установа е „апсолутно смешен“.
Детските броеви на јакни од брендовите што се забранети чинат помеѓу 400 и 1.000 евра.
Забраната во училиштето ќе стапи на сила по божиќните празници.