Разговаравме со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување на фактите и одговорноста од видеото од 16.11.2018, кое изминатите денови се најде на критика на јавноста, изјави градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.
Комунални редари минатата недела на бабичка која продавала пред пазарот и ги истуриле малините и лешниците, што наиде на револт на социјалните мрежи.
– Сакаме да ги известиме граѓаните дека општината стапи во контакт со Министерството за внатрешни работи и градоначалникот на општина Центар ја повика госпоѓата која беше дел од целиот настан од видеото, на разговор во својот кабинет, со цел да се слушнат сите засегнати страни и објективно да се пристапи кон случајот. За конечниот исход од постапката, граѓаните ќе бидат известени дополнително, соопшти Општината.
Центар уште истиот ден и се извини на бабичката дека редарите и ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми.