Аеродром субвенционира 50 отсто од трошоците за печки на пелети

На овие граѓани Општина Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

170

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзината територија, соопшти Општината.

– Целта на овој пилот-проект е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, за повисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерките против загадувањето, стои во соопштението.

Јавниот повик ќе трае до 3 декември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“. На овие граѓани Општина Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Општината за проектот издвоила 500 илјади денари од својот буџет.
Повеќе детали за критериумите и за начинот на аплицирање на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2011.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...